Достапни линкови

Русија - Пјонгјанг да се врати во преговарите за нуклеарната програма


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Русија ја охрабрува Северна Кореја да се врати на преговарачката маса и да стави крај на кризата околу нуклеарната програма на Пјонгјанг. Заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Гје Гван во Москва разговараше со заменик шефот на руската дипломатија Игор Моргулов. Во соопштението од руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Моргулов ја нагласил „потребата од заеднички напори со цел намалување на тензиите и создавање услови за брзо продолжување на шестпартитните разговори“. Ким Гје Гван рекол дека „денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров била последната желба на основачот(на Северна Кореја), Ким Ил Сунг“. Северна Кореја ја зголеми загриженоста кај меѓународната јавност годинава со засилувањето на активностите околу нуклеарните капацитети и со агресивните изјави насочени кон Јужна Кореја и нејзините сојузници, вклучувајќи ги и заканите за нуклеарен напад кон американски цели.
XS
SM
MD
LG