Достапни линкови

НБРМ со мерки за подршка на денарското штедење


Советот на Народна банка на Република Македонија денеска донесе одлуки за намалување на стапката на задолжителната резерва за обврските на банките во домашна валута, од 10 на 8 отсто, со истовремено зголемување на стапката на задолжителната резерва за обврските во странска валута од 13 на 15 проценти. Како што се наведува во соопштението од НБРМ, оваа мерка претставува продолжување на практиката на примена на диференцирани стапки на задолжителната резерва, со што се обезбедува поддршка на растот на штедењето во домашна валута и продолжување на трендот на постепено, но стабилно преструктурирање на валутниот состав на обврските на банкарскиот систем. Заради задржување на соодносот на задолжителната резерва што се издвојува во денари и во евра, се предвидува зголемување на делот од задолжителната резерва во евра што се исполнува во денари, од 23 на 30 проценти.
XS
SM
MD
LG