Достапни линкови

logo-print

Обама им се заблагодари на американските војници по повод четврти јули


Американскиот претседател Барак Обама им се заблагодари на припадниците на американските вооружени сили во своето обраќање по повод четврти јули, денот на американската независност. На денешен ден во 1776 година американските колонисти прогласија независност од Велика британија и организираа револуција за остварување на декларацијата. „Тоа беше храбар чекор и малкумина очекуваа успех“ рече Обама во неделното радио обраќање. „Тогаш за прв пат Американците им покажаа на скептиците дека не се во право“ додаде претседателот. Според Обама, Америка денес е глобален чувар на мирот и слободата.
XS
SM
MD
LG