Достапни линкови

logo-print

Ристовски: Екстерното тестирање нема да се прогласи за пилот - проект


Екстерното годинава нема да биде пилот-проект, тоа ќе продолжи да биде законски проект кој почна оваа година, изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Може да разговараме само за техничко подобрување и отстранување на многу мал број проблеми кои се појавија за да ги немаме догодина“ рече министерот. Инаку Младинскиот образовен форум покрена иницијатива и пушти петиција за прогласување на екстерното тестирање за пилот проект. „Меѓу најсериозните пропусти и неуспеси на екстерното оцеување се вбројуваат и паѓањата на компутерскиот систем, пробиените тестови кои се ширеа преку социјалните медиуми, тестовите кои содржеа прашања од материјал кој не е предаден, прашањата кои не содржеа ни еден точен одговор, масовната појава на слаби оценки кај цели генерации по одредени предмети“ аргументираат од невладината организација.
XS
SM
MD
LG