Достапни линкови

Додик: САД не можат да ја спасат Федерацијата БиХ од распаѓање


Претседателот на Република Српска Милорад Додик предупреди дека ниту американската администрација не може да ја промени состојбата во Федерацијата Босна и Херцеговина, која „се распаѓа во некој вид на политичко гниење“. Додик укажа дека ниту САД со последните интервенции не можат да го променат федералниот Устав, бидејќи станува збор за процес со кој од Федерацијата е исклучен еден конститутивен народ - Србите. „Тука станува збор за правење на противуставен и антидејтонски пакет промени на Уставот на Федерацијата, кој не го почитува принципот на конститутивноста“ рече Додик. Тој смета дека вмешувањето на американскиот амбасадор Патрик Мун во реформите на Уставот на БиХ не е добро за вкупната политичка состојба во Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG