Достапни линкови

Египет: Менсур избран за нов лидер, Морси е затворен


Шефот на уставниот суд во Египет Адли Менсур денеска положи заклетва како вршител на должноста претседател на Египет по синоќешното отстранување од власта на исламистичкиот претседател Мухамед Морси од страна на армијата. Египетската армија го суспендираше Уставот и ги објави чекорите што треба да доведат до нови претседателски избори.
Со тоа завршува претседателствувањето на Мохамед Морси, по неколкудневните протести на кои милиони Египќани ѝ се спротивставија на исламистичката влада на земјата. Инаку Морси и неколку негови соработници биле затворени но не се знае каде.
XS
SM
MD
LG