Достапни линкови

Македонците не се враќаат од Египет


Ниту еден Македонец кој престојува во Египет досега не побарал помош од МНР ниту од македонската амбасада во Каиро.
Нехат Емини секретар во Амбасадата во Каиро за МИА потврди дека никој од македонските државјанин кои живеат или туристички престојуваат во Египет досега не побарале помош или евакуација од земјата.
Од МНР информираат дека само една Македонка, која студирала во Холандија, се пријавила дека поради студенска размена престојува во Египет, но не побарала помош.
Во агенциите кои организираат аранжмани за летување на македонски граѓани во Египет велат дека засега немаaт барања за враќање или за откажување на аранжаманите. Нема информации колку точно Македонци престојуваат во Египет. Дел од македонските туристи кои летуваат во таа земја таму заминале преку српски туристички агенции.
XS
SM
MD
LG