Достапни линкови

Во Египет ќе биде избран привремен лидер


Шефот на уставниот суд во Египет Адли Менсур денеска ќе положи заклетва како вршител на должноста претседател на Египет по синоќешното отстранување од власта на исламистичкиот претседател Мухамед Морси од страна на армијата. Ова го објави генерал Абдул Фатах ал-Сиси во телевизискиот говор синоќа. Египетската армија го суспендираше Уставот и ги објави чекорите што треба да доведат до нови претседателски избори.
Со тоа завршува претседателствувањето на Мохамед Морси, по неколкудневните протести на кои милиони Египќани ѝ се спротивставија на исламистичката влада на земјата.
XS
SM
MD
LG