Достапни линкови

Моралес се врати дома


Авионот на Моралес

Авионот на Моралес

Боливискиот претседател Ево Моралес пристигна дома, по непланираниот 14-часовен престој во Виена. Лидерите на земјите од Латинска Америка денеска треба да одржат самит на кој ќе разговараат за пренасочувањето на авионот на боливискиот претседател Ево Моралес над европскиот воздушен простор. Боливија соопшти дека Моралес вчера се враќал од Москва, кога Франција и Португалија одеднаш забраниле неговиот авион да влезе во нивниот воздушен простор поради сомневањата дека во него се наоѓа и службеникот во американската разузнавачка служба Едвард Сноуден. На самитот денеска треба да учествуваат шефови на 12 држави од Латинска Америка, кои го критикуваат актот со боливискиот претседател. Вашингтон одби да коментира за тврдењето дека тоа што се случи со авионот е скандал. Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека одлуката за азил на Сноуден ќе има и сериозни последици.
XS
SM
MD
LG