Достапни линкови

logo-print

Рикер - прогрес кај балканските држави во евро-интеграциите


Bosnia-Herzegovina - Deputy Assistant Secretary of State of Europe and Eurasian Affairs, and former U.S. Ambassador to the Republic of Macedonia Philip Reeker visited RFE Bureau, Sarajevo, 3Jun2013.

Bosnia-Herzegovina - Deputy Assistant Secretary of State of Europe and Eurasian Affairs, and former U.S. Ambassador to the Republic of Macedonia Philip Reeker visited RFE Bureau, Sarajevo, 3Jun2013.

Помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, за Радио Слободна Европа изјави дека има прогрес кај балканските држави во поглед на европските интеграции, но ја нагласи потребата балканските лидери да ги зајакнат напорите за понатамошен прогрес. Во интервју за Радио Слободна Европа во Сараево вчера, Рикер ја издвои Хрватска, која беше примена во ЕУ викендов, како земја што постигнала „голем напредок“. Рикер исто така ги пофали „огромните напори“ од Србија и од Косово кои работат заедно со ЕУ на нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Тој рече дека во Босна и Херцеговина сè уште има проблеми. Рикер го обвини раководството, „кое одбрало да не функционира“, но додаде дека босанските власти покажале одредена флексибилност и волја за компромис што би можело да ја поправи состојбата.
XS
SM
MD
LG