Достапни линкови

logo-print

Двете Кореи ќе разговараат за индустриската зона


Јужна Кореја и понуди на Северна Кореја да се одржат разговори во насока на повторно отворање на индустриската зона која се наоѓа на границата меѓу двете земји. Јужна Кореја понуди разговорите да се одржат во сабота. Понудата е направена преку телефон откако Северна Кореја ги рестартираше телефонските линии меѓу двете земји доцна синоќа, по притисоците на малите и средни претпријатија во индустриската зона кои трпат загуби. Последниот обид меѓу двете земји за разговори на оваа тема беше пред три недели.
XS
SM
MD
LG