Достапни линкови

logo-print

Зачленувањето на Хрватска во Европската унија треба да води кон интеграција и на целиот Балкан. Но, останатите балкански земји треба да се ослободат од товарот на историјата и да донесат тешки одлуки, со кои треба да си го отворат сопствениот пат кон Европа, наведува американскиот потпретседател Џо Бајден во авторскиот напис во весникот Фајненшел Тајмс.

Ирскиот писател Џемс Џојс напишал дека историјата е ноќен кошмар од кој се обидува да се разбуди. Пред 20 години, Хрватска живееше во тој кошмар, со регионална омраза и опустошена од војна. Сега стана 28-ма членка на Европската унија и не само што се разбуди од ноќниот кошмар на својата мачна историја, туку го реализира и својот сон за евроатлантска иднина, исткнува Џо Бајден.
Во последниве месеци се состанав со неколкумина лидери од Западен Балкан. Убден сум дека доколку го направат вистинскиот избор, сите можат да стигнат онаму каде што е Хрватска.

Тоа е порака за охрабрување на хрватските граѓани кои ги надминаа искушенијата на ултранационализмот и омразата. Хрватското зачленување во ЕУ, според Бајден, ја зголемува и улогата на соседните земји кои се соочени со ризикот да заостанат.

Со тек на време, границите на ЕУ би требало да ги обединат земјите од југоисточна Европа, наместо да ги одвојуваат. Се надеваме дека еден ден, нејзините граѓани ќе имаат корист од транс-атланското трговско и инвестициско партнерство за кое преговараме со ЕУ, нагласува Бајден.
Македонија мора да остане на курсот на реформи, да ги реши своите внатрешни етнички напнатости и заедно со Грција да постигне договор за името.

Меѓутоа, потенцира американскиот потпретседател, земјите од Балканот мора најнапред да донесат тешки одлуки кои ќе им го отворат патот кон Европа. Во интерес на САД и на Европската унија е во тоа да успеат. Историјата нема поголем споменик за идејата дека државите не треба да ги повторуваат судирите од минатото, од ЕУ и нема подобар механизам од интеграцијата за да се обезбеди мирот. Секоја земја што ќе се обврзе на правилата и институциите на ЕУ, значи поблизу до целта за целосна, слободна и мирна Европа. Дури и во економски тешки времиња, обединета Европа е подобра од закани и нестабилност. Затоа, Хрватска работи на тоа оние исти луѓе со кои војуваше, да ги доведе во европското опкружување.

Во последниве месеци, наведува Бајден, се состанав со неколкумина лидери од Западен Балкан. Убден сум дека доколку го направат вистинскиот избор, сите можат да стигнат онаму каде што е Хрватска.

Србија и Косово долго време беа змрзнати во длабок судир, но премиерите постигнаа историска спогодба за нормализација на односите. Следните чекори нема да бидат лесни, но лидерите на двете земји им создадоа на своите граѓани единствена можност за иднина, дефинирана со почитување на меѓусебните права и заеднички напредок во мирољубив соживот.

Црна Гора и Албанија пред себе имаат многу тешка работа, но напредуваат кон европската интеграција, а Црна Гора е на добар пат и да стане членка на НАТО.

Македонија мора да остане на курсот на реформи, да ги реши своите внатрешни етнички напнатости и заедно со Грција да постигне договор за името, пишува Бајден, додавајки дека во БиХ, за жал, е направен многу мал напредок.

Ниедна земја не може да ја заборави својата историја или да ги заборави сопствените трагедии. И не треба. Но државите можат да го изберат патот, на кој иднината ќе им биде на прво место, и ќе работат за доброто на идните генерации. Тоа е она што го направи Хрватска. Тоа е причина за славје и потсетник дека се е можно.

И честитаме на Хрватска и се посветуваме на остварувањето на повисоката цел, - внесувањето на целиот Балкан во Европа, целосна, слободна и мирна, заклучува американскиот потпретседател Џо Бајден, во текстот објавен во Фајненшел Тајмс.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG