Достапни линкови

logo-print

Можно кратење на грчките пензии


Претставникот на Меѓународниот монетарен фонд Пол Томсен во преговорите со Грција за следната транша од спасувачкиот план смета дека е потребно да има кратења на веќе намалените пензии на Грците. Одлуката се темели на проценката дека просечната пензија во Германија изнесува 830 евра, а во Грција 915 евра, пишува весникот „Етнос“. „Германските пензионери земаат помали пензии од Грците“ вели Томсен. Според медиумот, барањето за ново намалување на пензиите е поттикнато од резервираноста на меѓународните кредитори во однос на тоа дали Грција ќе ги постигне фискалните цели и ќе успее да компензира за дупката во осигурителните фондови, која според нив изнесува околу 1,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG