Достапни линкови

Авионот на Моралес, одлета од Виена кон Боливија


Виена, 03.07.2013 Боливискиот претседател Ево Моралес и австрискиот претседател Јанц Фишер, на прес конференција на аеродромот во Виена.

Виена, 03.07.2013 Боливискиот претседател Ево Моралес и австрискиот претседател Јанц Фишер, на прес конференција на аеродромот во Виена.

Боливија остро ги критикуваше европските земји откако на авионот со кој претседателот Ево Моралес се враќал од Москва, не му бил дозволен влез во францускиот и португалскиот, италијанскиот и шпанскиот воздушен простор поради сомневање дека во авионот е и Едвард Сноуден. Потпретседателот Алваро Гарсија Линера изјави во Ла Паз дека Моралес бил заложник на империјализмот и оти е јасно дека Соединетите Држави го наредиле неговото задржување. Авионот на Моралес бил принудно пренасочен во Виена, но австриските власти утврдиле дека во него не е Сноуден. Потоа, авионот со Моралес одлетал за Боливија преку воздушниот простор на Шпанија.
XS
SM
MD
LG