Достапни линкови

Грозјето можеби е кисело, ама Македонија не го вкусила


Министерот за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Иако ЕУ не е совршена и се соочува со сериозни проблеми, а полноправното членство носи обврски за земјата, тоа носи и големи бенефити кои граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш по влегувањето. Грозјето можеби е кисело, ама Македонија засега не успева да го вкуси.

Од патување, работа во земјите од ЕУ, поевтин роаминг, пристап до европските фондови и евтини кредити, па сè до учество во политичкиот живот на Унијата и донесувањето на одлуките се бенефитите што ќе ги почувствуваат граѓаните веднаш по влезот на земјата во ЕУ.
Ние сега да влезевме во ЕУ заедно со Хрватска, како што требаше, ние за следните шест години ќе имавме околу шест милијарди евра неповратна помош. Тоа значи дека отприлика ќе имавме буџет за 50 отсто поголем од сега и ако некој мисли дека сега има некаков развој во Македонија може само да замисли колкав ќе беше развојот и тоа без да ја спомнувам Европската инвестициска банка.

Во изминатите неколку дена по влезот на Хрватска во Унијата во дел од медиумите се појавија текстови од типот „Кисело е грозјето“ како во познатата басна „Лисицата и грозјето“, односно дека животот на Хрватите нема да се промени од пред влегувањето во Унијата. Иако ЕУ не е совршена и се соочува со сериозни проблеми, а полноправното членство носи обврски за земјата, тоа носи и големи бенефити кои граѓаните ќе ги почувствуваат веднаш по влегувањето. Грозјето можеби е кисело, ама Македонија засега не успева да го вкуси.
Хрватското знаме во Европскиот парламент.

Хрватското знаме во Европскиот парламент.


Лидија Димова од невладиниот Македонски центар за европско образование посочува дека од 2014 до 2020 година Хрватска ќе добие 12 милијарди евра неповратна помош од Унијата, а ќе има пристап и до евтини кредити од Европската инвестициска банка.
Она што е значајно за граѓаните на една мала континентална земја како што е Македонија, којашто особено сега е позатворена од секогаш е што членството во ЕУ ги подигнува стандардите на работа и живеење, се поставува еден нов повисок репер кон кој што сите граѓани се стремат.

„Ние сега да влезевме во ЕУ заедно со Хрватска, како што требаше, ние за следните шест години ќе имавме околу шест милијарди евра неповратна помош. Тоа значи дека отприлика ќе имавме буџет за 50 отсто поголем од сега и ако некој мисли дека сега има некаков развој во Македонија може само да замисли колкав ќе беше развојот и тоа без да ја спомнувам Европската инвестициска банка“, вели Димова.

Таа посочува дека членството во ЕУ значи и поголема заштита за потрошувачите, земјата учествува во креирањето на заедничките политики и нејзиниот глас се слуша во Унијата. Живеењето и работењето во некоја од земјите членки на ЕУ во таков случај не се смета како живеење во странство, вели Димова.

„Ако живеете или сте на работа во Шпанија на пример, имате право да гласате на локалните избори во Шпанија, значи да одлучувате за таму, а не како ние, дијаспората одлучува за кај нас. Не може така, имате право да гласате само ако живеете, затоа што директно сте засегнат“, вели Димова.

Малинка Ристевска Јорданова од невладиниот Институт за европска политика вели дека најважната придобивка од членство во ЕУ за граѓаните е отвореноста – конкуренција на пазар и идеи, пристап до добра, пристап до образование и работа низ целата Унија, како и можност за промоција на сопствената култура и идентитет. Може слободно да кажеме дека ЕУ како идеја е вистинско поле за културен натпревар меѓу народите, вели таа.

„Она што е значајно за граѓаните на една мала континентална земја како што е Македонија, којашто особено сега е позатворена од секогаш е што членството во ЕУ ги подигнува стандардите на работа и живеење, се поставува еден нов повисок репер кон кој што сите граѓани се стремат“, вели Ристевска Јорданова.

Таа вели дека не треба да се заборави дека основната идеја на ЕУ е што таа е проект на мирот и безбедноста и членството во Унијата ја става државата на мапата на сигурни држави.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG