Достапни линкови

Боливија оцени дека Моралес бил заложник


Боливија остро ги критикуваше европските земји откако на авионот со кој претседателот Ево Моралес се враќал од Москва, не му бил дозволен влез во францускиот и португалскиот воздушен простор поради сомневање дека во авионот е и Едвард Сноуден. Потпретседателот Алваро Гарсија Линера изјави во Ла Паз дека Моралес бил заложник на империјализмот и оти е јасно дека Соединетите Држави го наредиле неговото задржување. Авионот на Моралес бил принудно пренасочен во Виена, но се смета дека во него не е Сноуден.
XS
SM
MD
LG