Достапни линкови

logo-print

Морси не се повлекува, ултиматумот на армијата истекува


Мухамед Морси

Мухамед Морси

Египетскиот претседател Мухамед Морси изјави дека нема да се повлече и вети дека ќе го штити неговиот уставен легитимитет со својот живот. Говорејќи вчера на националната телевизија, тој ги обвини приврзаниците на поранешниот лидер Хосни Мубарак за разгорување на актуелните немири во обид да се урне неговата влада. Морси вети серија мерки за постигнување консензус со противниците, вклучувајќи и замена на својот кабинет.
Говорот на Морси доаѓа по ултиматумот на воениот врв кој истекува денеска. Армијата бара Морси и неговите противници да постигнат компромис, или во спротивно ќе преземе свои мерки за излез на земјата од кризата.
Во меѓувреме, десетици илјади поддржувачи и противници на Морси остануваат на улиците на Каиро и на други места во Египет.
XS
SM
MD
LG