Достапни линкови

Авионот на Моралес пренасочен- сомневање дека во него е Сноуден


Ево Моралес

Ево Моралес

Авионот во кој се наоѓал боливискиот претседател Ево Моралес, на враќање од Русија, бил пренасочен кон Австрија, откако Португалија и Франција не му дозволија прелет над нивниот воздушен простор, поради сомневањата дека во него се наоѓа пребеганиот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден. Официјални лица во Австрија и Боливија изјавија дека Сноуден не бил во авионот кој го враќал Моралес од самит во Москва, каде што во интервју за телевизија Раша тудеј, изјави дека Боливија е подготвена да разгледа дали ќе му даде азил на Сноуден.
Боливискиот министер за надворешни работи Давид Чокехуанца изјави дека Франција и Португалија ќе мора да објаснат зошто ја поништиле дозволата за прелет, додавајќи оти тоа го довело во опасност животот на претседателот.
XS
SM
MD
LG