Достапни линкови

logo-print

Албанските емигранти од Грција се враќаат дома


Кризата која ја зафати Грција принудила околу 180 илјади албански емигранти, што е околу 20 насто од нивниот вкупен број, да се вратат во Албанија. Според албанскиот Центар за конкуренција и меѓународна трговија, масовното враќање на албанските емигранти во родната земја во последните години е последица на високите даноци, порастот на трошоците за живот, но и големата невработеност која во Грција достигнува рекорни 27,4 отсто.
По многу години работа и живот во Грција враќањето во Албанија не им е нималку лесно. Посебен проблем се и децата кои навикнати на тамошниот живот и образование, сега тешко се враќаат во Албанија, зошто добар дел од нив се родени во Грција и тешко го зборуваат албанскиот јазик, се наведува во извештајот.
Враќањето на емигрантите предизикува проблеми поради барањето тие да се вработат, зошто само мал дел имаат свој капитал и отвораат свој бизнис.
Во Грција има најголем број албански емигранти, кој според медиумите изнесува околу 800 илјади, потоа следи Италија со над 300 илјади и некои други западноевропски земји и САД, каде што има над 200 илјади албански емигранти.
XS
SM
MD
LG