Достапни линкови

logo-print

Сообраќајка во Ново Село - тринаесетмина повредени


Тринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и приватен автобус бр. 22 што попладнево околу 15 часот се случила во скопско Ново Село.
Камионот удрил во автобусоткој излетал во дворот на основното училиште „Тихомир Милошевски“. Хоспитализирани се возачот и совозачот на камионот и седум патници од автобусот, меѓу кои две деца, но сите се надвор од животна опасност. Во Ургентниот центар се примени петмина возрасни и двете деца, на возраст од 13 месеци и седум години. Еден од примените во Ургентен е со тешка телесна повреда и е на Траумотолошкиот оддел. Останатите се со полесни повреди и по прегледите ќе бидат пуштени на домашно лекување. Во стабилна состојба се и пациентите примени во „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Наум Охридски“. Полицијата ќе ја соопшти причината и деталите за соообраќајката по завршување на увидот.
XS
SM
MD
LG