Достапни линкови

logo-print

Азербејџанската опозиција здружена за претседателските избори


од парламентарните избори во Баку

од парламентарните избори во Баку

Азербејџанските опозициски групи се обединија за номинирање и подршка на единствен кандидат на претседателските избори кои се закажани во Октомври. На седницата на Националниот совет на демократски сили, опозиционерите го номинираа Рустам Ибрахимбеков за претседателски кандидат. На состанокот се состави и меморандум во кој се дефинира транзициски период. Имено, во документот е наведено дека доколку победи, кандидатот на опозицијата ќе остане на власт само две години додека се имплементираат реформи со кои ќе се намали моќта на претседателската функција во земјата.
XS
SM
MD
LG