Достапни линкови

Вранишковски осуден на три години затвор


Расчинетиот владика на МПЦ Јован Вранишковски доби три години затвор, а 18 негови роднини и приврзаници условни казни, поради перење пари преку здружението „Анастасија" од Нижеполе. Скопскиот Кривичен суд го укина и притворот за Вранишковски за ова дело, но тој веќе се наоѓа во затвор за друго дело, односно осуден е за затајување на 250.000 евра од МПЦ, а актуелното обвинение го сомничи дека парите ги делел на свои приврзаници, кои ги донирале во здружението, а потоа купувале имоти. Вранишковски од затворот во Шуто Оризари ќе биде префрлен во Идризово на издржување на новата казна.
XS
SM
MD
LG