Достапни линкови

Почна судењето на осомничени за тероризам во Азербејџан


Започна судењето против 29 лица обвинети за планирање терористички напади и атентат на претседателот Илхам Алијев за време на минатогодишниот Евросонг во Баку. На прелиминарното сослушување судот ги потврди индентитетите на осомничените. Се очекува судењето да продолжи идната недела. Лани повеќе од 40 осомничени беа приведени под сомнение за организирање на терористички настан за време на фестивалот.
XS
SM
MD
LG