Достапни линкови

Парите не се проблем, пари нема


Граѓаните велат дека се потешко се живее. Се жалат дека платите и пензиите не им стасуваат од први до први.

Животот се поскап, а примањата исти. Остануваат се помалку пари за подмирување на основните потреби за живот. Таква е реалноста на повеќето граѓани во земјата, кои се жалат дека платите и пензиите не стигнуваат. Според последните податоци на Државниот завод за статистика индексот на цените на мало во јуни, во споредба со истиот месец минатата година забележал пораст од 2,3 отсто, а индексот на трошоците на живот од 4,2 проценти. Граѓаните велат дека се потешко се живее.
Струјата е скапа, се е скапо, храната секојдневно поскапува, пазарот е оган и пламен, а издржуваш уште некого од семејството и кога ќе видиш парите за ништо не стасуваат. Порано имаше заштеди, а сега ништо, динарот од први до први е.
Анкетиран граѓанин.

„Струјата е скапа, се е скапо, храната секојдневно поскапува, пазарот е оган и пламен, а издржуваш уште некого од семејството и кога ќе видиш парите за ништо не стасуваат. Порано имаше заштеди, а сега ништо, динарот од први до први е. “

„Никако е, скапотија и што ако земав пензија за три дена ни динарче не останува.“

„Скапотија, скапотија колку сакаш, со мали пензии, со мали плати, невработени луѓе, но што да правиш? Нема што да се прави. Давам 600 денари за лекарства, за jадење пари, а за облека не останува, ќе носиме стари алишта, што да правиме?“

„За нас посиромашните нема, нема да ми простите до тоалет да одиш. Цената на бензинот сега ја симнаа, а претходно 5-6 пати ја зголемиja, па каде го има тоа?“
Блага утеха е тоа што падна цената на струјата, тоа колку толку ќе го компензира поскапувањето на храната, ама мора да имаме предвид дека Македонија е енергетски зависна земја, особено од фосилните горива.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека трендот и натаму ќе биде негативен.

„Блага утеха е тоа што падна цената на струјата, тоа колку толку ќе го компензира поскапувањето на храната, ама мора да имаме предвид дека Македонија е енергетски зависна земја, особено од фосилните горива. Македонија не извезува нафта, целосно увезува, нафтата и понатаму постепено, но сигурно ќе расте. Значи на нас нето одливите и поскапувањето на животот ќе ни доаѓа како резултат на светските текови и светските состојби и тука никој нема да може ништо да направи.“

Според него, граѓаните треба да почнат да го развиваат претприемачкиот дух, бидејќи тоа е единствениот начин на кој можат да се изборат со поскапувањата.

„Некако ние по некоја инерција од социјализмот се научивме дека вработувањето е доволно и дека штом јас сум се вработил, особено штом сум дипломирал, нема јас што друго да се образуваш, некој друг треба да се грижи за мене. Не сфаќаме дека тој систем е одамна мртов, значи мораме да се освестиме, мораме малку попредпиемачки да гледаме на работите.“

Според статистика зголемени се цените на овошјето, преработките од млеко, месото и рибата, како и алхохолните пијалоци, нафтените деривати и гасот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG