Достапни линкови

Филе: Платформата за Србија е речиси завршена


Европскиот комесар за проширување Штефан Филе синоќа изјави дека преговарачката рамка за пристапните преговори со Србија е речиси завршена и оти очекува „скринингот“ да почне веднаш по летните одмори.
Европската комисија денеска треба да достави предлог за преговарачката рамка до надлежните служби за консултации.
Филе најави и дека следната недела во Белград ќе пристигне заменик-директорот за проширување Јост Корте, за подготовките за скринингот.
Корте доаѓа на местотот на Стефан Санино, кој е именуван за шеф на италијанската мисија во Европската унија.
XS
SM
MD
LG