Достапни линкови

Руска ракета се урнала веднаш по полетувањето


Руски медиуми објавија дека беспилотна ракета која носела три сателити се урнала кратко по полетувањето од космодромот Бајконур во Казахстан. Нема извештаи за повредени. Државната телевизија Россиа 24 прикажа снимки на кои се гледа како ракета од типот Протон-М неколку секунди по полетувањето ротира и се распаѓа во воздухот, паѓајќи во вид на огнена топка во близина на лансирната рампа. Агенциите јавуваат дека казахстанските власти ја разгледуваат можноста за евакуација на населението од околните градови, поради потенцијалната опасност за здравјето од токсичноста на горивото што го користат ракетите. Државната новинската агенција РИА соопшти дека причината за несреќата би можело да биде проблем со моторот или системот за насочување, а според првичните извештаи проценетата загуба е околу 200 милиони долари.
XS
SM
MD
LG