Достапни линкови

Претседателот на Египет Морси не прифаќа ултиматуми


Протести на плоштадот Тахрир против египетскиот претседател Мохамед Морси

Протести на плоштадот Тахрир против египетскиот претседател Мохамед Морси

Претседателот на Египет Мохамед Морси изјави дека тој ќе се држи до својот план за помирување. Соопштението од неговиот кабинет следува по вчерашниот ултиматум на Армијата до владата Морси и опозицијата да најдат компромис во рок од 48 часа.
Доколку тоа не се случи, војската соопшти дека ќе преземе засега недефинирани мерки. Морси изјави дека таквите ултимативни барања предизвикуваат конфузија.
Главната опозициска партија Националниот ослободителен фронт ја отфрли можноста за разговори со Морси и изјави дека ќе се справи со генералот кој го издаде ултиматумот веднаш откако 48-часовниот краен рок ќе истече. Во меѓувреме, државната новинска агенција информираше дека и министерот за надворешни работи Мохамед Камел Амр поднел оставка.
Таа доаѓа откако милиони Египќани протестираат против владеењето на Морси.
Досега најмалку пет министри поднесоа оставка како последица на масовните протести во Египет.
XS
SM
MD
LG