Достапни линкови

logo-print

Ромпуј: Интеграцијата на ЕУ нема да биде завршена без Балканот


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј изјави дека процесот на европска интеграција нема да заврши без интеграција на балканските земји во Евроспката унија. По состанокот со косовската претседателка Атифете Јахјага тој наведе дека дијалогот Белград-Приштина дал значителни резултати и создал нова динамика во регионот, додавајќи дека двете страни треба да се фокусираат на примена на Договорот од Брисел.
Јахјага посочи дека Приштина е подготвена да ги отпочне преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација и оти останува посветена на спроведување на потребните реформи за забрзување на процесот на интеграција во ЕУ. Претходно, Ромпуј се сретна со косовскиот премиер Хашим Тачи при што побара имплементација на Договорот од Брисел.
XS
SM
MD
LG