Достапни линкови

Нападната базата на НАТО во Кабул


Милитанти го нападнале комплексот на НАТО во Кабул. Полицијата соопшти дека милитантите отвориле оган врз стражарите во базата откако бомбаш самоубиец активирал експлозија на влезот од базата. Во нападот загинале четири чувари и двајца цивили, заедно со сите четворица напаѓачи. Талибанците подоцна потврдија дека го извршиле нападот кој се случува ден откако авганистанското министерството за внатрешни работи објави дека бунтовниците убиле околу 300 авганистански локални и национални полицајци во текот на минатиот месец. Исто така 753 милитанти биле убиени во заеднички операции со војската и други сили, а повеќе од 300 беа уапсени. Во нападите животот го изгубиле 180 цивили.
XS
SM
MD
LG