Достапни линкови

Лопез се покаја што му пееше на Бердимухамедов


Хјуман рајтс воч ја поздрави изјавата на пејачката Џенифер Лопез дека таа не би настапувала за туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов, доколку знаела за негативниот извештај за почитување на човековите права во Централна Азија. Рејчел Денбер, заменик-директор за Европа и Централна Азија на Хјуман рајтс воч и препорача на Лопез да прави брза проверка за состојбите во земјата каде треба да настапува, користејќи притоа интернет.
Лопез пееше на роденденската забава на туркменистанскиот претседател во саботата вечер во Туркменистан. Нејзиниот менаџер подоцна изјави дека таа би одбила да присуствува на настанот ако знаела за степенот на кршењето на правата во Туркменистан. Тој соопшти дека настанот бил неполитички и спонзориран од страна на Кинеската националната нафтена корпорација.
XS
SM
MD
LG