Достапни линкови

Одреден датумот за избори во Грузија


Михаил Саакашвили

Михаил Саакашвили

Претседателот на Грузија го одреди 31 октомври 2013 година како датум за следните претседателски избори. Претседателската прес служба претходно погрешно објави дека Михаил Саакашвили потпишал изборите да се одржат во последната недела на октомври, но подоцна го поправи датумот во последниот ден од октомври. Саакашвили нема да бара уште еден мандат по завршувањето на вториот претседателски мандат.
Премиерот Бидѕина Иванишвили минатата недела изјави дека не ја исклучува можноста Саакашвили да биде уапсен по напуштањето на функцијата. Откако коалицијата на Иванишвили ги доби парламентарните избори минатата година, неколкумина приврзаници на Саакашвили беа уапсени за кривични дела.
Коалицијата Грузиски сон го номинираше министерот за образование Ѓорги Маргвелашвили за свој претседателски кандидат во мај. Минатиот месец и поранешниот грузиски спикер Нино Бурјанадѕе се приклучи на трката.
XS
SM
MD
LG