Достапни линкови

Комисијата за лустрација не ја менува одлуката за Јаневски


Комисијата за лустрација по реакциите на повеќе институциите во јавноста, денеска одржа вонредна седница, за уште еднаш да го испита решението донесено во петокот со кое поранешниот академик, писателот Славко Јаневски беше прогласен за соработник на тајните служби. По расправата, членовите на Комисијата останаа на ставот дека Јаневски соработувал со тајните служби и давал информации за својите колеги од браншата. „Комисијата за верификација на фактите, со сиот респект кон личностите и институтциите кои реагираа во јавноста, цени дека нивните ставови се без познавање на фактите и поради тоа, ги отфрла како неаргументирани“ изјави портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски.
XS
SM
MD
LG