Достапни линкови

МАНУ: Лустрацијата на Јаневски е удар врз македонскиот идентитет


Постапката на Комисијата за верификација на факти против академик Славко Јаневски е удар однатре врз македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок на Република Македонија, оцени Македонската академија на науките и уметностите. Се бара Комисијата да ја поништи донесената одлука, иако, како што наведува во дописот до медиумите, тоа нема да биде доволно за да се поправи нанесената штета. „Одлуката на Комисијата претставува за правото непознат чин на водење правна постапка против починато лице од државен орган, и е основа за сомневање дека нејзин мотив може да претставува ставот на негација на македонската самобитност и на начелата на демократската правна држава“ пишува во реакцијата на Академијата. МАНУ посочува дека Славко Јаневски е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и култура и на Македонската академија на науките и уметностите, чиј опус е во целост посветен на историскиот опстанок на Македонија и македонскиот народ и одамна ги има надминато границите на нашиот културен простор, афирмирајки ја македонската литература, култура и јазик во светот.
XS
SM
MD
LG