Достапни линкови

Прва средба меѓу Иванов и Папуљас во Загреб


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, синоќа во Загреб се сретна со неговиот грчки колега Каролос Папуљас. Станува збор за прва средба меѓу двајцата лидери. „На моја иницијатива прв пат се сретнавме со грчкиот претседател и разговаравме отворено како луѓе за нашите две општества, за нашите граѓани, и како можеме ние како претседатели да придонесеме да има една поголема соработка меѓу двете општества, бидејќи треба да ги следиме добрите односи, добрите трендови кои почнаа да се случуваат меѓу граѓаните на нашите две земји“ изјави претседателот Иванов по средбата во Загреб. Папуљас, според македонскиот претседател, ветил нова средба.
XS
SM
MD
LG