Достапни линкови

logo-print

Растат трошоиците за живот


Цените на мало во јуни годинава во однос на претходниот месец бележат раст од 0,4 отсто, а трошоците на живот за 0,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот е резултат на повисоките индекси на овошјето за 13,5 отсто, преработките од млеко за 0,5 отсто, месото и рибата за 0,3 отсто, свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто. Во јуни, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките аранжмани за 9 проценти, авионскиот превоз на патници за 1,7 отсто и комуникациските услуги за 1,6 проценти.
XS
SM
MD
LG