Достапни линкови

Три години затвор за Бучковски за „Тенковските делови“


Владо Бучковски.

Владо Бучковски.

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски и другите четворица обвинети за случајот „Тенковски делови“ за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Три години затвор за поранешниот премиер, министер за одбрана и лидер на СДСМ, а сега еден од основачите на Алијансата за позитивна Македонија, Владо Бучковски. Кривичниот суд го прогласи за виновен за случајот „Тенковски делови“ направен во време кога тој беше на чело на одбраната.
Одлуката е скандалозна. Kога Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда, даде насоки што во превод значеа ослободителна пресуда. [...]Очигледно продолжува тенденцијата судиите да се додворуваат на авторитетите и на власта. Убеден сум дека оваа пресуда ќе падне на Апелациониот суд.

Затворски казни добија и другите четворица обвинети во овој случај. Поранешниот началник на ГШ на АРМ, Методи Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски се осудени на по три години затвор, а поранешниот логистичар, Нелко Менкиновски и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски на по две години затвор.
Илустрација.

Илустрација.


Обвинетите треба да ја вратат оштетата која изнесува повеќе од два милиони евра. Тие се осудени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиони евра со набавка на четири пати повеќе од потребните резервни делови за армиските тенкови Т-55. Според обвинителството, со купувањето делови повеќе од потребното, оштетена е државната каса, а за сметка на тоа сопственикот на МЗТ ФОП се стекнал со корист.

Осудените најавија дека ќе ги обжалат пресудите.
Постојат писмени докази што ја негираат неговата одговорност, но Судот и обвинителството ги ставија под тепих тие докази и едноставно ги игнорираа како да не постојат.

Бучковски рече дека одлуката на судот е скандалозна и дека нема докази против него.

„Одлуката е скандалозна. Ние шест години го водиме овој судски процес и кога Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда, даде насоки што во превод значеа ослободителна пресуда. Жалам што судијата немаше храброст, нема ниту еден доказ што би можел да се искористи во полза на нејзината одлука. Очигледно продолжува тенденцијата судиите да се додворуваат на авторитетите и на власта. Убеден сум дека оваа пресуда ќе падне на Апелациониот суд“, изјави Бучковски по соопштувањето на пресудата.

Адвокат Никола Поленак изјави дека правната битка продолжува.

„Се работи за една виртуелна пресуда, а така ја ценам затоа што не се заснова на ниту еден од изведените докази. Борбата продолжува понатаму“, рече Поленак.
Откако обвинителството ќе ја добие пресудата, ќе изврши анализа на тоа што сè судот зел предвид како олеснителни, така и отежителни околности[...] и тогаш Обвинителството ќе одлучи дали ќе се жали или ќе биде задоволно со вака изречената кривична санкција.

Адвокатот на генералот Стамболиски, Трајче Китановски, рече дека неговиот клиент е невин. И за него одлуката на судот е скандалозна.

„Постојат писмени докази што ја негираат неговата одговорност, но Судот и обвинителството ги ставија под тепих тие докази и едноставно ги игнорираа како да не постојат“, рече Китановски.

Обвинителот Ненад Савовски, пак, рече дека осудителната пресуда за него е очекувана, но оти ќе го разгледа образложението на пресудата пред да одлучи дали ќе поднесе жалба.

„Откако обвинителството ќе ја добие пресудата, ќе изврши анализа на тоа што сè судот зел предвид како олеснителни, така и отежителни околности, односно врз основа на кои околности ги утврдил видот и висината на кривичната санкција и тогаш Обвинителството ќе одлучи дали ќе се жали или ќе биде задоволно со вака изречената кривична санкција“, изјави Савовски.

Ова е втор пат Кривичниот суд да одлучува по овој предмет. Апелациониот суд во Скопје претходно ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 и случајот го врати на повторно судење. Во првата постапка, Бучковски и Стамболиски беа осудени на по 3,5 години затвор, а Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски беа осудени на затвор од по 3 години.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG