Достапни линкови

Германија реагира на медиумските извештаи за американска шпионажа


Портпарол на германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека доколку медиумските извештаи за американската шпионажа се вистинити, таквото однесување на САД е неприфатливо. Британскиот весник „Гардијан“ го даде извештајот во кој се повикува на информации во документи кои ги обелодени Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американските тајни служби кој е во бегство. Весникот пишува дека американските служби шпионирале 38 амбасади и странски претставништва на земји – сојузнички на Соединетите американски држави, меѓу кои Франција, италија Грција како и други земји меѓу кои Јапонија и Турција. Германскиот „Шпигел“ пишува дека се следеле и комуникациите меѓу институции во Германија. Вашинготн најави одговор на обвинувањата. Портпаролот на директорот за национална безбедност Џејмс Клаперф изјави дека американските служби прибираат информации кои секоја земја ги добива од сопствените безбедносни структури.
XS
SM
MD
LG