Достапни линкови

logo-print

Македонија во напнат период - да се влезе или не во ЕУ и НАТО


Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски. 2012.

Еврокомесарот Штефан Филе и премиерот Никола Груевски. 2012.

Македонија влегува во еден напнат период во европската агенда, бидејќи во соседството земјите кои пред неколку години назадуваа сега остваруваат напредок кон ЕУ. Македонија е пред решавачки период во кој треба да реши за евроаланските интеграциите. Но, аналитичарите се сомневаат во капацитетите на владата за компромиси.

Владата не е подготвена за изноаѓање на компромисно решение во спорот со името со Грција и затоа евроинтегративниот процес на Македонија и натаму ќе биде закочен, велат експертите во однос на нивните очекувања за наредните месеци. Хрватска денеска стана членка на ЕУ, Србија доби датум за преговори, а Косово договор за стабилизација и асоцијација. Само Македонија остана со празни раце.
Влегува во решавачки шест месеци. Доколку ништо не се реши, тогаш Македонија навистина ризикува многу и така и така веќе изгуби неколку години, вака ризикува да изгуби и деценија.

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин вели дека владата не е компактна во прашањето за спорот со името, бидејќи ДУИ е за негово решавање за разлика од тврдиот став на ВМРО ДПМНЕ. Според него, се поставува прашањето дали воопшто премиерот Никола Груевски сака Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

„Знаеме кога го запрашале, кога било дилемата дали да најде компомис за името или да влезе во ЕУ, тој рекол дека не сака да најде компомис, бидејќи не сака да ја плати цената за тоа. Затоа јас сум голем скептик за тоа дали оваа влада на ДПМНЕ е способна, дали има храброст да го изнајде тој компомис.“
Така што во една ваква ситуација сите изјави кои доаѓаат од Грција и од тука од челните луѓе на државата, не останува многу простор за да се најде компромис, единствено ако има некој притисок од меѓународна заедница.

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека владата нема капацитет за изнаоѓање на компромисно решение, бидејќи е влезена во една политичка дипломатска битка со Грција со нервозен вокабулар и реченик.

„Така што во една ваква ситуација сите изјави кои доаѓаат од Грција и од тука од челните луѓе на државата, не останува многу простор за да се најде компромис, единствено ако има некој притисок од меѓународна заедница.“

Ружин смета дека Македонија влегува во еден напнат период во европската агенда, бидејќи во соседството земјите кои пред неколку години назадуваа сега остваруваат напредок кон ЕУ. Македонија порано беше во центарот на сите напори на ЕУ, за разлика од сега кога станува неинтересна и запоставена.

„Влегува во решавачки шест месеци. Доколку ништо не се реши, тогаш Македонија навистина ризикува многу и така и така веќе изгуби неколку години, вака ризикува да изгуби и деценија.“

Според Рамадани реформите во земјата може да се спроведат, но очекува и натаму евроатланските интеграции да бидат блокирани поради проблемот со името.

„Не гледам, за жал, некоја ситуација која би била пооптимистичка, освен ако под сугестија или под некој притисок се оди на некоја широка влада, потоа предвремени избори, зато ашто сега ни претстои и друг аполитичка битка која ќе се води меѓу партнерите ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, каде состојбите меѓу името и евроаланските интеграциите се комплицираат.“

Ружин порачува дека српскиот пример покажува дека единствено способни да решат такви прашања се националистичките влади и затоа Груевски кој ги контролира тие гласачи би бил оној кој може да го реши спорот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG