Достапни линкови

Три години затвор за Бучковски


Три години затворска казна за поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски, пресуди денеска Кривичниот суд. Тој е првобвинетиот во случајот „Тенковски делови“.

Судот пресуди затворски казни и за останатите четворица обвинети во овој случај. Поранешниот началник на ГШ на АРМ, Методи Стамболиски и директорот на МЗТ ФОП, Митре Петковски кои добија по три години казана затвор, а поранешниот логистичар, Нелко Менкиновски и и поранешниот државен советник во Министерството за одбрана, Ацо Ѓурчевски по две години затвор.

Обвинетите треба да ја вратат отштетата која изнесува повеќе од два милиони евра. Тие се осудени за злоупотреби при набавка на тенковски делови вредни повеќе од два милиони евра со набавка на четири пати повеќе од потребните резервни делови за армиските тенкови Т-55.

Овој предмет беше вратен на повторно судење откако Апелацискиот суд ја укина пресудата на Кривичниот суд, според која на Бучковски му беше одредена затворска казна од 3,5 години.

По објавувањето на пресудата Бучковски рече дека тоа е скандалозна одлука и дека нема докази против него.
XS
SM
MD
LG