Достапни линкови

Обама во посета на Танзанија


Американскиот претседател Барак Обама денеска е во посета на Танзанија последната станица од турнејата на Африка. Барак Обама ќе оствари разговори со претседателот Џакаја Киквете за време на неговиот дводневен престој во Додома. Во Јужна Африка вчера, Обама предупреди дека Африка може само да напредува само со лидери кои се стремат кон подобрување на животот на својот народ. Тој, исто така, го посети островот Робен каде Нелсон Мандела беше затворен 18 години за спротивставување на поранешниот режим на апартхејдот. За време на престојот во Јужна Африка, Обама му оддаде почит на 94-годишниот Мандела кој и натаму е во критична, но стабилна состојба откако беше примен во болница на 8 јуни со инфекција на белите дробови.
XS
SM
MD
LG