Достапни линкови

Хрватска - знаеме каде сме и што сакаме


Бајаково - граница меѓу Хрватска и Србија

Бајаково - граница меѓу Хрватска и Србија

Уште една земја на Балканот од денеска стана членка на Европската Унија. Ноќеска по полноќ беа остранети границите меѓу Хрватска и европските соседи а европското знаме и европските знаци беа поставени кон соседите: Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

„Драги пријатели, добредојдовте во Европската Унија“

Со овие зборови на добредојде синоќа на плоштадот во Загреб на илјадниците граѓани им се обрати претседателот на Европскарта Комисија Жозе Мануел Баросо. Хрватска од денеска е и официјално 28 земја членка на ЕУ.
Хрватска влезе во ЕУ по две децении откако се распадна Југославија и по шест години преговори со Унијата.

Премиерот Зоран Милановиќ ги упати следниве пораки.

„Што и да велат за нас, треба да се знае дека сме ние земја на рационални луѓе, кои се реални за себе и за нивната улога во Европа и светот. Хрватска знае дека не заминува никаде. Ни сме тука на исто место, но со нови одговорности за да му помогнеме и на регионот да ги исполни европксите критериуми што е можно поскоро“.



Што и да велат за нас, треба да се знае дека сме ние земја на рационални луѓе, кои се реални за себе и за нивната улога во Европа и светот.
​И Претседателот Иво Јосиповиќ изјави дека Хрватска силно ќе го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Според него, во интерес на Хрватска е сите да живеат во зона на мир и напредок, и тоа ќе биде една од нивните најважни политички цели.

На церемонијата, меѓу другите гости, беше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

ЕУ се соочува со економска криза. Хрватска, исто така, страда од бавен економски развој и со невработеност од околу 20 насто. Хрвастките и европските официјални преставници и синоќа во Загреб со изјави дека нема магично стапче за излез од кризата.

Ноќеска по полноќ беа остранети границите кон европските соседи, а европското знаме и европските знаци беа поставени кон соседите на Хрватска: Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG