Достапни линкови

Хрватска стана членка на ЕУ


Хрватска денеска стана 28 земја членка на ЕУ. Илјадини луѓе синоќа присуствува на плоштадот во Загреб на свечената церемонија. Хрватска влезе во ЕУ по две децении откако се распадна Југославија и по шест години преговори со Унијата. Претседателот Иво Јосиповиќ изјави дека Хрватска силно ќе го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Според него, во интерес на Хрватска е сите да живеат во зона на мир и напредок, и тоа ќе биде една од нивните најважни политички цели. На церемонијата присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов, кој денеска ќе учествува и на работниот појадок, кој го приредува Јосиповиќ.
XS
SM
MD
LG