Достапни линкови

Обама го посети затворот каде Мендела помина 18 години


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство го посетија затворот на островот Робен, каде што херојот на анти-апартхејдот Нелсон Мендела помина 18 години од неговиот живот. Обама, неговата сопруга и двете ќерки го посетија и каменеломот каде што Мендела работел за време на неговото заробеништво. Нивен водач беше 83 годишниот Ахмед Кахрада, кој отслужувал казна во затворот во исто време со Мендела. Посетата беше дел од турнејата на Обама низ Африка.
XS
SM
MD
LG