Достапни линкови

Путин потпиша контроверзни Закони за хомосексуалноста и религијата


Рускиот претседател Владмир Путин

Рускиот претседател Владмир Путин

Рускиот претседател Владмир Путин ги потпиша Законите со кои се казнува пропагирањето хомосексуалност меѓу малолетници и навреда на религијата. Таканречениот анти-геј закон воведува казни до 6700 долари за оние кои ќе бидат прогласени за виновни за пропагирање на „нетрадиционалните сексуални односи“ на малолетните лица преку медиуми или интернет и преку кои може да се предизвика мислење дека геј и хетеросекусалните односи се социјално еквивалентни.
Законот за слободата на уверувањето и обожувањето предвидува казни до 10 илјади долари за оние кои ќе бидат осудени за јавни акции и изрази на непочитување на заедницата и навреда на религиозните чуства на верниците.
XS
SM
MD
LG