Достапни линкови

logo-print

Реакција на писателите за лустрирањето на Славко Јаневски


Друштвото на писателите на Македонија ја отфрли одлуката на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби. Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност заради овој антиуставен чин на Комисијата за верификација на фактите која посегна по една од најсветлите личности на современата македонска литература и култура, надвор од нормите што ги подразбира законот за лустрација, е наведено во соопштението.
Друштвото на писателите чинот го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и рушење на темелните вредности на македонската национална култура. Според нив, апсурдно е да се помисли дека дејствувањето на Славко Јаневски во литературата и културата било на штета на развојот на одредени автори и процеси.
XS
SM
MD
LG