Достапни линкови

САД ја прислушкувале ЕУ?


Германското списание „Дер Шпигел“ објави дека во таен документ обезбеден од страна на Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа имало индикации дека ЕУ била под надзор на американските тајни програми. Според текстот, американската Национална агенција за безбедност ги озвучувала или на некој друг начин собирала информации од канцелариите на ЕУ во Брисел, Вашингтон и ОН.
Тоа вклучувало и пратење на компјутерската мрежа на ЕУ со што се овозможувал пристап до мејловите и документите. Претседателот на ЕП Мартин Шулц изјави дека бил шокиран од наводите и побара целосно расветлување на случајот од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG