Достапни линкови

Хрватска го прославува влезот во ЕУ


Во Хрватска денеска ќе се одржат свечени прослави по повод утрешното приклучување на земјата во ЕУ. На прославата ќе присуствуваат претставници на 27-те земји членки на Унијата и нејзиното раководство.
На централниот плоштад во Загреб ќе се обратат претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на Европарламентот Мартин Шулц и претседателот на ЕК Жозе Баросо. Прославата ќе заврши на полноќ со огномет во целата земја.
XS
SM
MD
LG