Достапни линкови

logo-print

Селективна наплата на паркинг во Куманово


Кумановци се жалат на селективната наплата за паркинг просторот во централното градско подрачје.

Селективната наплата за паркинг просторот во централното градско подрачје во Куманово се повеќе ги иритира кумановци. Додека едните се принудени да ги почитуваат правилата за наплата, многумина привилегирани по пријателски или роднински врски не само што не плаќаат и не го почитуваат времето за паркирање, туку и само со едно јавување по мобилен телефон се ослободуваат од поставените блокатори и тоа пред очите на останатите, дури и на оние кои за паркирање пред сопствената врата плаќаат месечна тарифа.
Лично плаќам паркинг место и многу ми е криво кога ќе видам како некој ќе си излезе од автомобилот, не праќа порака, автомобилот му стои цел ден, а јас по два часа морам автомобилот да го тргнам, кај и да сум. Во Куманово постои селективност.

Градоначалникот Зоран Дамјановски кој во изборната кампања најави дека ќе се намали цената за паркирање вели дека се можни нерегуларности. Револтираните кумановци раскажуваат што се случува пред нивните очи, со голема скептичност дека нешто ќе се смени и сите граѓани ќе имаат еднаков третман.

„Гледаме често пати како некои ја оставаат колата и напоменуваат на екипите од „Куманово-паркинг“ дека колата е негова и ништо не смее да се направи. Не им ставаат блокатори.“

Овој очевидец вели дека големи жртви се и оние кои доаѓаат со странски таблици кои ниту пет минути не можат да го остават автомобилот за да испазарат нешто во трговските дуќани.
Можеби во некои случаи има ослободување на луѓе кои се дел од локалната администрација, кои не направиле уплата преку смс од незнаење.Тоа е еден од примерите. И некои кои дошле во посета на некои од институциите. Тоа се примери за кои јас знам.

„Особено Србите кои доаѓаат во саботите. Меѓутоа, има и кумановски возила кои не ги знаат, па и на нив не им даваат ни пет минути да се задржат, веднаш им ставаат блокатори.Тие што се станари треба да се ослободат, мислам тие што паркираат пред куќа кај да го носат возилото, ако плаќаат месечно во овие времиња тоа би било крај. “

„Не е регуларно. Не може во цел град само една зона да има.

„Лично плаќам паркинг место и многу ми е криво кога ќе видам како некој ќе си излезе од автомобилот, не праќа порака, автомобилот му стои цел ден, а јас по два часа морам автомобилот да го тргнам, кај и да сум. Во Куманово постои селективност. Сум била очевидец кога на некои автомобили има ставено блокатори, доаѓа сопственикот до возилото, се јавува на мобилен телефон, за две минути се појавува екипата од „Куманово- паркинг“ и секако дека малку посрамени што мора да ги тргнат блокаторите по наредба иако не платил за паркинг. И тоа е голема селективност при наплата на паркинг простори“, велат револтираните кумановци.

Запрашан дали нешто ќе се смени во однос на наплатата на паркинг просторот градоначалникот Дамјановски вели дека има две категории возила кои имаат месечни карти.“

„Можеби во некои случаи има ослободување на луѓе кои се дел од локалната администрација, кои не направиле уплата преку смс од незнаење.Тоа е еден од примерите. И некои кои дошле во посета на некои од институциите. Тоа се примери за кои јас знам.“

За поставување и отстранување на блокаторите Дамјановски вели дека одговорноста е на директорот на јавното претпријатие, кое е под ингеренции на локалната самоуправа.

„Сметам дкеа секоја таква пријава е добредојдена до локалната самоуправа која ќе го процесуира до ЈП бидејќи ние сме основачи и водиме грижа за фискалната стабилноста на тоа ЈП. Што се однесува до жителите на тие згради во близина на паркинг местата, намалување на цената е најавена и ќе биде изврешена со одлука на совет за цена за паркинг места, зависно од тоа како ќе биде пресметковната вредност од ЈП.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG