Достапни линкови

Охрид домаќин на фестивали за народни песни и игри


Националeн ансамбл на народни песни и игри од Македонија - „Танец“.

Националeн ансамбл на народни песни и игри од Македонија - „Танец“.

Во првата половина на јули, Охрид ќе биде домаќин на две големи значајни фолклорни манифестации. Од 3 до 5 јули ќе се одржи седмиот Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“, а во наредните шест дена и 52-от Балкански фестивал на народни песни и игри.

Повеќе од 1.200 играорци и музичари, од 30 културно уметнички друштва, од 12 европски земји меѓу кои Чешка, Унгарија, Русија, Турција, Италија, Романија и други, ќе земат учество на седмиот Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“.
Како аматерско културно-уметничко друштво мислам дека постигнуваме добри резултати во негувањето воопшто на фолклорот од различни средини и посебно во презентирањето на нашата македонска изворна традиција пред импозантна бројка на посетители и добар дел од оние кои во наша организација доаѓаат како учесници на манифестацијата, подоцна се враќаат како туристи во нашиот град и во нашата држава.

Концертите ќе се одржуваат на две сцени – на плоштад „Крушевска република“ и Антички театар, а организатор на оваа манифестацијата чија основна заложба е афирмација на фолклорната традиција е Ансамблот за народни песни и игри „Филиграни“.
Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“.

Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“.


Илија Ѓорески, првиот човек на ова случување, истакнува дека нивната основна заложба и мисија во овој краток периoд на делување е ентузијастички да и се посветат на очувувањето на пребогата македонска фолклорна традиција и наедно да ги промовираат Охрид и Македонија како значајни туристички дестинации во Европа.

„Како аматерско културно-уметничко друштво мислам дека постигнуваме добри резултати во негувањето воопшто на фолклорот од различни средини и посебно во презентирањето на нашата македонска изворна традиција пред импозантна бројка на посетители и добар дел од оние кои во наша организација доаѓаат како учесници на манифестацијата, подоцна се враќаат како туристи во нашиот град и во нашата држава.“
Верувам дека сите оние што ќе дојдат не само да го видат „Танец“ на отворањето туку и сите оние ансамбли што ќе настапат во рамките на петдневната програма ќе уживаат во нивната изведба и ќе и се насладуваат на фолклорната традиција на вистинскиот начин.

Тој со гордост потенцира дека во 2011 година имале 65 ансамбли со над 2.500 учесници на манифестацијата и вели дека тоа им дава за право да кажат дека фестивалот „Разиграно оро“ веројатно го држи приматот на најмасовна манифестација од тој вид во Македонија.

Од друга страна, со особено внимание се очекува и традиционалниот семинар на кој годинава ќе се дебатира на тема „Фолклорот на словенските народи“, со посебен акцент на фолклорните традиции на Полска и Словачка. Со цел за збогатување на програмската понуда, организаторот планира од наредната година на секое фестивалско издание да бидат Балкански фестивал на народни песни и игри.

Балкански фестивал на народни песни и игри.

презентирани и културните богатства и особеностите на народните традиции и фолклорот на две од државите учеснички на оваа манифестација.

А, веднаш, пак, по спуштањето на завесата на „Разиграно оро“, на сцената Долни Сарај, од 6 до 11 јули, Охрид по 52 пат ќе биде домаќин и на престижниот Балкански фестивал на народни песни и игри, на кој вообичаено настапуваат познати културно-уметнички друштва и ансамбли од регионот и пошироко.

Најстарата фолклорна манифестација што ги афирмира културните достоинства на народите од Балканот традиционално ќе биде отворена со настапот на Националниот ансамбл на народни песни и игри од Македонија - „Танец“.

Зоран Џорлев, директор на овој наш единствен професионален ансамбл и член на советот на Балканскиот фолклорен фестивал, истакнува дека тие ќе се претстават со програма блиска до публиката, во рамките на која по прв пат кај нас ќе го претстават делото „Пијанец“ од источниот дел на Македонија, кое премиерно беше изведено на неодамнешните концерти во Белград и во Виена.

„Верувам дека сите оние што ќе дојдат не само да го видат „Танец“ на отворањето туку и сите оние ансамбли што ќе настапат во рамките на петдневната програма ќе уживаат во нивната изведба и ќе и се насладуваат на фолклорната традиција на вистинскиот начин.“

Инаку, годинава се планирани настапите на ансамблите „Осиек 1862“ од истоимениот град во Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Бејсал - Турција, „Светозар Марковиќ“ од Крагуевац – Србија, , „Златица“ од Бугарија, „Марблени“ од шпанскиот град Гирона, „Пролетер“ од Сараево – Босна и Херцеговина , „Трисчеле“ од Агриџенто, на Сицилија, „Зора“ од унгарскиот град Мохач, „Курпинка“ од Кадизло во Полска, „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје и „Отекс“ и „Бисери“ од Охрид.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG