Достапни линкови

Стандард енд Пурс-делумен банкрот на Кипар


Банка во Кипар

Банка во Кипар

Американската кредитна агенција „Стандард енд Пурс“ соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош од претходно и го оцени како „делумен банкрот“. Агенцијата оценката „ССС“ја намaли на нивото „SD“ кое означува „делумен банкрот“, што значи дека земјата не е во состојба да го отплаќа својот долг, но дека се уште може да исполнува одредени обврски. „Стандард енд Пурс“ наведува и дека целосен банкрот значи дека одредена држава не исполнила ниту една своја економска и финансиска обврска.
XS
SM
MD
LG